Свет

Зеленски: За неколку месеци ќе станеме полноправна членка на Европската унија

Зеленски: За неколку месеци ќе станеме полноправна членка на Европската унија

Апликацијата на Украина за членство во ЕУ може да биде одобрена за неколку месеци, изјави претседателот на таа земја, Володимир Зеленски.

Тој рече дека разговарал со шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и оти очекува брз напредок во однос на барањето на Украина за брзо членство во ЕУ, пренесе Би-би-си.

Зеленски рече дека Фон дер Лајен „ветувал дека ќе стори сé што е можно за да го забрза пристапот на Украина во ЕУ“.

„Ќе станеме полноправна членка на ЕУ. „Бирократските процеси кои вообичаено траат со години ќе бидат забрзани и скратени“, рече тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни