Амбасадорот на Русија во БиХ Игор Калабухов беше гостин на телевизија „Фејс“. Тој зборуваше за плановите на БиХ за влез во НАТО.
„Не ни пречи да влеземе во НАТО. Тоа не е закана, можеби предупредување. Одлучете сами. Тоа е како маѓепсан круг, веќе реков… Да претпоставам, на пример: БиХ стана членка на НАТО и Брисел одлучи таму да стави нуклеарни проектили насочени кон Москва. Ќе ја процениме стратешката ситуација и затоа мислам дека излезот мора да биде европскиот систем, а не НАТО“, рече Калабухов, пренесува Index.hr.
На прашањето зошто на Русија „не и пречат“ околните и соседните земји кои се веќе дел од НАТО, тој одговори:
„Од каде знаете дека немаме планови против Хрватска, Унгарија, Полска?“
Тогаш, според зборовите на лидерот „имате планови против Хрватска“ – му рече водителот, по што Калабухов рече: „Против НАТО“.
„Имаме планови против НАТО. Ја проценуваме геостратешката ситуација, гледаме од каде доаѓаат заканите и реагираме“, додаде тој.