Некогашната евровизиска победничка, познатата пејачка Руслана од Украина во интервју зборуваше за нејзината земја и руската инвазија која ја направи Владимир Путин. Таа рече дека не можела да се врати дома и дека сега се наоѓа на безбедно место.
„Сакам да ги поздравам сите браќа и сестри. Се сеќавам на мојот настап во вашата прекрасна земја. Ми недостига. Мислам дека нашата култура и традиција се многу блиски. Тоа што не можам да се вратам дома ми паѓа многу тешко. Многу е проблематично во Мариполе. Градот е целосно уништен. Невозможно е да се евакуираат луѓето. Во моментов не постои зелен коридор“, рече Руслана.
Таа додава дека 20 дена луѓето немаат ни храна, ни вода.
„Веќе 20 дена луѓето немаат ни храна, ни вода, ни струја. Секој ден губиме по стотици луѓе“, рече Руслана.
Таа зборуваше и за Путин и рече дека за неа тој повеќе не постои и дека не е човек.
„За мене тој не постои, тој не е човек. Тој е грозен човек. Особено нему не сакам да му се обратам“, рече пејачката.
Пред неколку години таа рече и дека ако Русија интервенирала на нивната територија, тие ќе мораат да одговорат. Сега го предупреди целиот светот дека Путин нема намера да запре само на Украина.
„Ако освои која било територија, тој нема да запре таму. Има грозен план. Загрижена сум за балтичките земји. Загрижена сум за Полска. Исто така мислам дека цела Европа е во опасност. Тоа е проблем“, рече Руслана.