Свет

Пронајдена црната кутија на патничкиот авион кој се урна во Кина

Пронајдена црната кутија на патничкиот авион кој се урна во Кина

Утрово е пронајдена црна кутија, односно записи од податоци од летот на China Eastern Airlines, кој во понеделникот се урна во кинеската планинска област.

„Ја најдовме црната кутија на летот MU5735“, изјави денеска Лиу Лусонг, портпарол на Кинеската авиокомпанија, а државните медиуми подоцна објавија дека уредот претрпел сериозни оштетувања.

Боингот 737-800 содржел два рекордери на податоци – едниот што ги следи податоците за летот, кој се наоѓал во задниот патнички дел од авионот, а другиот, кој снима аудио снимки, кој се наоѓал во пилотската кабина, пишува Франс прес.

„Во моментов не е јасно дали е пронајден рекордер на податоци или аудио рекордер“, рече Мао Јанфенг, претставник на кинеската управа за цивилно воздухопловство (CAAC).

Загинаа 132 патници и членови на екипажот

Да потсетиме, авионот на China Eastern Airlines неочекувано почна да ја губи висината во понеделникот, а потоа се урна во кинеската планинска област. Во несреќата загинаа 132 патници и членови на екипажот.

Блумберг објави анализа на следењето на податоците за летот, а податоците покажуваат дека пред да удри во земјата, авионот се движел речиси со брзина на звукот. Боингот 737-800 во последните моменти се движел со брзина поголема од 966 километри на час.

„Прелиминарните податоци покажуваат дека тој летал блиску до брзината на звукот и имал многу голем пад“, изјави експертот за аеронаутика Џон Хансман од Технолошкиот институт на Универзитетот во Масачусетс (МИТ). …

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни