Полска ќе протера 45 руски дипломати, изјави полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински.
Според него, станува збор за шпиони кои се претставуваат како дипломати.
„Ја растураме мрежата на руски специјални служби во нашата земја на сосема конзистентен и решителен начин“, напиша Камински на Твитер.
Polska wydala 45 rosyjskich szpiegów udających dyplomatów. Z pełną konsekwencją i determinacją rozbijamy agenturę rosyjskich służb specjalnych w naszym kraju.
— Mariusz Kamiński (@Kaminski_M_) March 23, 2022
„Списокот вклучува офицери од специјалните служби на Руската Федерација и луѓе кои соработуваат со нив… Луѓе кои вршеле разузнавачки активности против Полска, но и против нашите сојузници“, рече портпаролот на полските специјални служби Станислав Жарин.
Тој, исто така, објави дека Полјак кој работел во матичната служба на главниот град и имал пристап до архивите на градското собрание на Варшава бил обвинет за шпионирање за Русија.
Информациите на веб-страницата на руската амбасада во Варшава покажуваат дека во моментов дипломатскиот персонал на Руската Федерација во Полска вклучува околу 60 лица, пренесе ТАСС.
Амбасадорот на Русија во Полска денеска изјави дека нема основа за обвинувања против 45 претставници на руската амбасада.