Здравје Магазин

Доколку вашата урина е со оваа боја и мирис – тоа е знак за сериозна инфекција, треба да реагирате

Доколку вашата урина е со оваа боја и мирис – тоа е знак за сериозна инфекција, треба да реагирате

Не се работи секогаш за воспаление на мочниот меур, па затоа треба да знаете што може да биде причината доколку некогаш забележите дека вашата урина „мириса“ малку посилно од вообичаено.

1. Ако сте дехидрирани

Многу едноставно – ако пиете доволно вода, урината ви е бледо жолта и мириса нормално, а кога ви недостасува вода, урината е темна и „смрдлива“ – поради превисоката концентрација на уреа, бидејќи не се разредува со вода.

2. Ако сте јаделе нешто од ова

Дали некогаш сте забележале дека вашата урина после конзумирање аспарагус е особено смрдлива? Или дури сега ви е јасно зошто. Имено – аспарагус. лук, диета богата со протеини и кари – по овие намирници очекувајте поинаков мирис на урина.

3. Ако пиете премногу кафе

Кафето содржи една посебна компонента добиена од печење зрна, која останува во нашиот организам во мали количини, но ако пиете премногу кафе и премалку вода, таа ќе остане во дигестивниот тракт во многу поголема концентрација. И затоа урината ќе ви „мириса“.

4. Ако имате воспаление

Слаткиот мирис на амонијак, придружен со честа потреба за празнење на потемна урина, е јасен знак дека треба да посетите лекар бидејќи имате воспаление на уринарниот тракт.

5. Ако сте почнале да земате лекови

Антибиотиците кои ја зголемуваат концентрацијата на габите во телото може да доведат до урина со малку понепријатен мирис. Но, обично поминува откако ќе го земете лекот, додека кај жените може да предизвика и габични инфекции во вагиналната област.

Посебен мирис даваат и мултивитамините, а доколку се полни со витамин Б, тогаш веројатно бојата на урината ќе ви биде малку поинтензивна – неонска.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни