Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, на Твитер објави дека цените на литиумот скокнале и дека компанијата ќе мора да започне со ископување на овој метал доколку цените не паднат.
Компанијата „Тесла“ е најпозната по електричните автомобили, кои користат литиумски батерии, па така растот на цената на овој метал значително влијае на работата на компанијата.
🔋 Lithium price ($/tonne):
2022: $78,032
2021: $17,000
2020: $6,800
2019: $11,310
2018: $14,660
2017: $12,070
2016: $8,840
2015: $5,110
2014: $4,680
2013: $4,750
2012: $4,450— World of Statistics (@stats_feed) April 8, 2022
– Цената на литиумот достигна ненормално ниво! Тесла можеби ќе треба да започне со копање и обработка, доколку цените не се подобрат. Нема недостиг од самиот елемент, литиумот го има речиси насекаде на Земјата, но процесот на екстракција/прочистување е бавен – изјави Маск на Твитер.
Литиумот е еден од најлесните метали кој покрај за производство на литиумски батерии се користи и за производство на алуминиум, гума, пластика, клима уреди и апсорбери на влага.
Може да се екстрахира на различни начини, во зависност од видот на наоѓалиштето – обично со соларно испарување на големи базени со солена вода или екстракција на руда од тврдите карпи.
Најголем производител на литиум е Австралија.