Тим лекари во болница во Милано измислиле нова алатка за отстранување на големи предмети од ректумот на луѓето . Потребата да се измисли нова помош дојде откако наидоа на еден особено предизвикувачки случај. Имено, 31-годишен маж дошол во итната медицинска помош со дилдо долго дури 60 сантиметри , кое му „заглавило“, а тоа е случај од 2018 година.
Човекот објаснил дека не може да го извлече дилдото со рака и дека бил заглавен во него цели 24 часа. Кога рендгенската снимка ја откри големината на проблемот, тој беше упатен на одделот за ендоскопија каде што беше примен од ендоскопистот Др. Лоренцо Диоскориди, пишува Ace Mind.
Тимот на д-р Диоскориди потоа испроба стандардни пристапи за отстранување на предмети од дебелото црево. Но, сите овие обиди не успеаја. Надевајќи се дека ќе ја избегнат крајната опција за високо инвазивна хирургија, тие направија сопствен уред од медицинска жица протурена низ цевка со стент. Тоа „ ласо “ беше доволно цврсто за да ја заврти секс-играчката и да ја повлече од ѕидовите на дебелото црево.