Македонија

Протест на струмичките земјоделци

Протест на струмичките земјоделци

Денеска во Струмица се одржа протест на земјоделците.

Тие еден час ја блокира раскрсницата пред Трговскиот центар „Глобал“ во центарот на Струмица, поради ниската откупна цена на зелката.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека го поддржуваат овој протест и сметаат дека една влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе знае да се справи со проблемите во земјоделието.

„Денеска се случува голем протест на земјоделците од овој крај во кој што бараат владата и министерството за земјоделие да преземат итни мерки, а не да бегаат. Слушнав дека министерот за земјоделие избегал од средба со земјоделците. Тоа не е начин на решавање на проблемите. Бегањето од проблемите не е начин на решавање на проблемите, затоа што доколку сакаат да бегаат треба да избегаат од владата и да се согласат на предвремени парламентарни избори кои што ќе ја решат маката на земјоделците“, истакна потпретседателот Александар Николоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни