Балкан

ВИДЕО: Дојава за бомба – се евакуира аеродромот во Софија

ВИДЕО: Дојава за бомба – се евакуира аеродромот во Софија
Дојава за бомба во авион на аеродромот во Софија. БТВ пишува дека на Терминал 2 се проверува експлозивната направа, која наводно била донесена од патник. Според непотврдени информации од извори на bTV, за проверка на сигналот биле испратени екипи на специјализираната антитерористичка единица. Полицијата повикала граѓаните да излезат од аеродромот, а на терен се и полиција и брза помош. Во авионот има претежно бугарски државјани, а тимот на БТВ успеал да поразговара со еден од нив – новинарот Димитар Лазаров. Тој истакнал дека патниците биле извадени од авионот, и истите не смеат да го земат својот рачен багаж. Се додава дека полицијата претресува патник од бизнис класата бидејќи рачниот багаж му бил сомнителен.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни