Здравје

Неправедно запоставена намирница, а суво злато за здравје: Го намалува холестеролот и ги ублажува стомачните тегоби

Неправедно запоставена намирница, а суво злато за здравје: Го намалува холестеролот и ги ублажува стомачните тегоби

Холестеролот е неопходен за правилно функционирање на телото, а кога е надвор од нормалните граници, може да предизвика голема штета на здравјето.

Корегирана исхрана е клучна во случај на покачено ниво на лошиот холестерол во крвта, а се препорачува да се ослободите од сите заситени масти.

За зачувување на крвните садови, пожелна е храната која е богата со влакна, јаткасти плодови, соја, јогурт, здрави масла, овес, а лекарите особено препорачуваат употреба на модар патлиџан. Има силни антиоксидантни својства и содржи значителна количина на пектин, кој е клучен за намалување на нивото на лошиот холестерол.

Содржи и витамини и минерали кои имаат антибактериско и антиинфламаторно дејство, а го зајакнуваат целосниот имунитет. Од минералите, модриот патлиџан има најмногу калиум, кој е неопходен за здраво срце. Богат е и со витамини од групата Б, диетални влакна и целулоза, што позитивно влијае на правилното функционирање на органите за варење. Има малку калории, па затоа се препорачува и за дебели и за дијабетичари.

Чајот направен од суви листови од модар патлиџан ги ублажува стомачните проблеми. Половина лажица сечкани суви листови модар патлиџан прелијте ги со два децилитри врела вода. Оставете да отстои 10 минути, па процедете. Поголемите количини може да бидат токсични, доволно е да се пие по една шолја дневно.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни