Музика и Филм

„Го молам небото да те врати“, сестрата на Тоше Проески сподели емотивен статус за него

Изминуваат речиси 11 години од денот кога поп пејачот Тоше Проески не напушти засекогаш на 16-октомври, 2007-ма година во сообраќајка кај Нова Градишка, Хрватска.

И после толку години, фановите на Тоше се во неверување за големата загуба, а болката најмногу ја чувствува негово семејство.

Сестрата на Тоше Проески, Дора на својот профил на Фејсбук постојано објавува фотографии и песни од нејзиниот брат, а последно сподели емотивен статус од српска фан страна насловена „Тоше Проески – Балкански анѓел“.

Овој статус е составен од насловите на најголемите хитови на македонската музичка ѕвезда.

ОФИЦИЈАЛНО: На 13 октомври ќе ги слушнеме новите песни на Тоше Проески

Од фондацијата „Тоше Проески“ денес го соопштија датумот на промоција на неговиот необјавен албум „Secret place“.

Албумот кој што е изработен во студиото на англискиот продуцент Енди Рајт ќе биде промовиран на 13 – ти октомври, на денот на концертот посветен на Проески, а на него се наоѓаат седум нови песни и три обработки на познати хитови.

Големиот концерт во чест на Тоше, каде ќе бидат промовирани песните од новиот албум ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ во Скопје и предвидено е балкански и македонски музички ѕвезди да ги пејат неговите хитови.

Ова е фотографијата која ќе стои на омотот на новиот постхумен албум на Проески насловен како „Secret place“, дел од него ќе биде и песната која беше промовирана во октомври лани:

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни