Балкан

Пристигнаа резултатите од обдукцијата – пронајденото тело му припаѓа на Матеј Периш

Пристигнаа резултатите од обдукцијата – пронајденото тело му припаѓа на Матеј Периш

Телото на младото момче за кое се сомневаа дека е Матеј Периш (28), кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември минатата година, во средата утрото околу 9.30 часот е извлечено кај Ада Хуја.

Телото како плутало по водата го забележале лица кои повикале полиција. Полицајците кои вчера беа на Ада Хуја велат дека се потврдува дека Матеј е пронајден, објави Нова.рс

Според првите информации по обдукцијата, телото кое вчера беше извадено од Ада Хуја е на Матеј Периш. Според првите информации по обдукцијата, причина за смртта е давење. Токсиколошките анализи ќе бидат готови за три недели.

Рано утрово почна обдукцијата на телото за кое се претпоставуваше дека е Матеј Периш. Таткото на Матеј, Ненад Периш доцна синоќа дошол во Белград. Тој им се заблагодари на сите кои учествуваа во потрагата:

„Како што кажав морам да бидам подготвен на сето ова.Можеби некому му е чудно,но колку и да е болно и тешко и верувајте дека е страшно тешко,мора да има надеж.Мојата вера ме учи дека надежта секогаш постои“, посочи тој.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни