Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, ќе разговараат в понеделник во Сочи, соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Средбата на Путин со Лукашенко во Сочи е закажана за понеделник“, рече Песков, додавајќи дека станува збор за претходно договорена билатерална средба.