„Длабока почит на св. Кирил Филозоф – творец на бугарското писмо. Во пресрет на 24 мај, големиот ден на бугарската духовност, да потсетиме дека наше е да ја чуваме традицијата на светите браќа Кирил и Методиј“.
Ова го истакна премиерот Кирил Петков пред гробот на Св. Кирил во базиликата Сан Клементе во Рим, јавува БТВ.
Премиерот присуствуваше на божествена света литургија во базиликата и на аџилак на моштите на Свети Кирил.