Не работи ниту една мерна станица во моментов во Тетово, па не може да се види какво е загадувањето по пожарот кој избувна денеска во поранешниот тутунски комбинат, а сега веќе се прошири и на соседните објекти.
Граѓаните кои фотографираат и снимаат на терен велат дека во просториите имало магацин, па се прашуваат што дишат моментално и дали надлежните ќе излезат со одредено соопштение и предупредување за граѓаните.
Инаку до тутунскиот комбинат во Тетово се наоѓа магацин на PoFix чија стока во моментов брзо се изнесува надвор оти огнот се шири токму во тој правец.
Тетовските пожарникари не можеа сами да се справат со стихијата, па помош побарале и од скопската противпожарна единица, кои веќе се на пат кон Тетово.