Свет

Серија земјотреси во Турција во текот на ноќта

Серија земјотреси во Турција во текот на ноќта

Серија земјотреси се регистрирани вечерва во северозападна Турција, јавија турските медиуми.

Првиот земјотрес со јачина од 4,1 е регистриран денеска во областа Балакешир, северозападна Турција. Земјотресот се случил во 01:13 часот на длабочина од 11 километри. Епицентарот на земјотресот бил во Кареши. По земјотресот следеше последователен потрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала, јави Си-Ен-Ен Турк, повикувајќи се на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби на турската влада (АФАД).

Во 1:58 часот следеше земјотрес со јачина од 4,7 степени.

Во рок од два часа по првиот земјотрес, регистрирани се повеќе од 30 последователни потреси, јави државната телевизија ТРТ Хабер.

Засега нема информации за материјални штети и повредени во земјотресите, соопштија од АФАД и градоначалникот на Балакешир, Јуџел Јилмаз.

Најсилниот земјотрес е почувствуван и во квартовите Истанбул, Чанаккале и Бурса и предизвика голема паника кај населението.

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Егејското Море во близина на градот Датча (округот Мугла) во петокот во 19 часот и 5 минути. Земјотресот бил на длабочина од 12,6 километри, јави Си-Ен-Ен Турк.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни