Македонија

ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Силен ветер над 60 км/ч, дожд и снег на планините!

ЗАЛАДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Силен ветер над 60 км/ч, дожд и снег на планините!

Променливо облачно и посвежо време со врнежи од дожд во северните делови од земјава, кои на повисоките планини ќе преминуваат во снег, најавуваат метеоролозите.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 60 километри на час, особено долж Повардарието.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно и посвежо време, со услови за дожд и умерен ветер од северен правец.

Утре ќе продолжи променливото време со врнежи од дожд на северот и снег на повисоките планини.

Во среда и четврток се очекува релативно стабилизирање на временските услови, додека од петок и во текот на викендот повторно ќе има услови за врнежи од дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни