Балкан

По Информер, граѓаните се собраа пред телевизија Пинк – зградата гаѓана со јајца

По Информер, граѓаните се собраа пред телевизија Пинк – зградата гаѓана со јајца

По завршувањето на изборите и победата на Студентската листа, тензиите во Белград не стивнуваат. Вечерва голем број граѓани се собраа пред зградата на телевизија Пинк, само неколку часа откако група демонстранти претходно упадна во просториите на таблоидот Информер.

Кордон полиција пред влезот, поддршка од возачите

Пред зградата на Пинк е распореден полициски кордон кој се повлече од самата улица и се постави непосредно пред главниот влез на телевизијата.

Собраните граѓани ја гаѓаат зградата со јајца и ја пеат познатата песна „Излези мала“, додека автомобилите што минуваат покрај нив им даваат поддршка со свирење. Засега нема извештаи за обид за влез во зградата ниту за поголеми инциденти, а официјалниот број на присутни граѓани сè уште не е објавен.

Симболи на режимот под притисок

Телевизија Пинк и таблоидот Информер со години важат за едни од највлијателните провладини медиуми во Србија.

  • Според извештајот на Ројтерсовиот институт за проучување на новинарството за 2026 година, двата медиума се сврстени меѓу најкористените медиумски брендови за поддршка на власта.
  • Податоците на Бирото за општествени истражувања покажуваат дека од почетокот на јануари до крајот на јули годинава, Александар Вучиќ на ТВ Пинк имал повеќе од 28 часови програма, при што во 74,7% од тоа време бил прикажан исклучително позитивно.

Бранaта протести пред медиумите започна претходно денеска, кога неколку десетици граѓани и студенти се собраа пред редакцијата на таблоидот Информер. Дел од нив влегоа во објектот барајќи јавно извинување од главниот уредник Драган Ј. Вучиќевиќ за начинот на кој овој медиум известувал за студентите, демонстрантите и опозицијата.

За време на преносот во живо, Вучиќевиќ тврдеше дека се наоѓа во „заложничка криза“, повикуваше полиција и брза помош и се обидуваше да стапи во контакт со Илија Срдановиќ, носителот на Студентската листа.

Протестите пред овие медиуми доаѓаат само еден ден по историската победа на Студентската листа на парламентарните избори и официјалното признавање на поразот од страна на Александар Вучиќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Избори Србија 2026 - отворено студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни