Денеска низ Атина имаше одново протести против Договорот од Преспа, додека во грчкиот парламент се расправаше за ратификација на истиот.
Вечерва група на демонстранти го запалија македонско знаме пред грчкиот парламент. Тие протестираат и бараат да не биде прифатен Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција.
Видеото е објавено од грчкиот весник „Ефимерида“, а весникот пишува дека повторно имало судир на демонстрантите со полицијата.