Свет

Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан

Пахор: Сите би имале корист од Отворен Балкан

Претседателот на Словенија, Борут Пахор за албанскиот портал „Албаниан пост“ денеска изјави дека ги поддржува сите иницијативи кои придонесуваат за мир и стабилност во регионот.

Тој истакна дека Отворен Балкан има потенцијал да ја подигне економската соработка на целосно ново ниво и оти би придонел секоја земја „поединечно подобро да се подготви за Европска Унија“.

– Меѓутоа, сакам да бидам многу јасен за тоа, иницијативата Отворен Балкан не е алтернатива за членството во ЕУ – истакна Пахор.

Тој додаде дека „ниту една регионална соработка не е алтернатива за членството во ЕУ.

Пахор потенцира ги поддржува и Берлинскиот процес, Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), Регионалниот совет за соработка (РЦ).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни