Свет

Зеленски посети два града во близина на линијата на фронтот

Зеленски посети два града во близина на линијата на фронтот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека посетил два града во близина на линијата на фронтот во судирите со руската армија по средбата со војниците во регионот Запорожје, пренесе Ројтерс.

„Потоа отидов на исток со шефот на мојата канцеларија. Бевме во Лисичанск и Соледар“, рече украинскиот претседател во своето вечерно видео.

„Горд сум на сите што ги сретнав, на сите со кои се ракував. Сите со кои контактирав и им изразив поддршка“, додаде тој.

Лисичанск е дел од регионот Луганск, а Соледар – од регионот Доњецк. Заедно, двете области се познати како Донбас, во фокусот на руската офанзива во источна Украина, според Ројтерс.

Претходно денеска Киев соопшти дека неговите сили вратиле половина од клучниот град Северодонецк, потсетува АФП.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни