Македонија

Димовски ја поздрави одлуката на ЛДП и повика да се придружат Павле Трајанов и Маја Морачанин

Димовски ја поздрави одлуката на ЛДП и повика да се придружат Павле Трајанов и Маја Морачанин

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски, преку друштвените мрежи упати поздрав до лидерот на ЛДП Горан Милевски откако тој порано денеска соопшти дека тој и неговата партија не го прифаќаат францсукиот предлог.

Горан Милевски и ЛДП го отфрлија францускиот предлог!

„Но, колега и пријателе Горан Милевски, доколку сепак Владата не те послуша тебе/вас и одлучи да прифати погубен документ по македонскиот национален идентитет, а со кој документ секако никогаш нема да станеме член на ЕУ, имаш на располагање еден државнички инструмент, да ја повлечеш поддршката на Владата…. Да те потсетам, доколку стоите на позициите за зачувување на националниот идентитет, достоинството, засебноста на македонскиот народ и јазик, нема цена што е скапа за да се спасат тие работи… Ве повикувам заедно со колегите Павле Трајанов и Маја Морачанин, да ја заштите македонската држава, народ и јазик од срамот кој и се спрема без знаење на Собранието на Република Македонија и јавноста пошироко…“, напиша Димовски на Фејсбук.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни