„Бугарија станува проблематична земја која ги кочи процесите на развој на ЕУ. Ние немаме место во овој простор на попречените, ни е место во просторот на развојот – да поставиме агенда, да наметнеме различни гледишта кои ќе направат ЕУ многу поефикасна Една од темите што требаше да ги води Бугарија е поврзана со проширувањето на ЕУ и како Албанија и Северна Македонија треба да бидат дел од него, изјави европратеникот Илхан Ќучук во интервју за БНР.
Истакна дека не ја поддржува идејата за одвојување на Македонија и Албанија во преговарачкиот процес, бидејќи тоа дополнително ќе го усложни меѓународниот имиџ на Бугарија.
Илхан Ќучук го опиша предлогот на француското претседателство со Советот на ЕУ како најдобар за Бугарија досега:
„Дали ќе биде прифатен од Софија и Скопје е друго прашање… Дефинитивна грешка беше да се пренесе како топол компир.
Според европратеникот, задолжително било да се има консензус за мислењето на владејачката коалиција, која не успеала да најде консолидација сама по себе, а се занемарило и вклучувањето на опозицијата.
Доколку Бугарија усвои став за предлогот на Македонија, повеќе нема да има политички притисок, туку ќе се бараат други механизми за да се наметне еден или друг предлог, објасни Ќучјук, додавајќи:
„Бугарија ќе има став бидејќи не може да има два позиции за ова прашање.Ќе биде многу непочитување кон ЕУ ако нашата земја не успее да излезе со чисто лице за тоа како го гледа ова прашање. Отворањето на старите емотивни прашања, како и правата на Бугарите – си ги наоѓаат гаранциите на европски начин“.
Европратеникот ја коментираше одлуката на Европскиот совет на Украина и на Молдавија да им додели статус на земји кандидати за членство во Европската унија, посочувајќи дека тоа е силен политички сигнал. Тој нагласи дека не дозволил двете земји да излезат пред РСМ и Албанија во разговорите.