Македонија

Радев: Францускиот предлог содржи голем дел од бугарските барања – „Ќе беше поуспешен доколку политичарите посветеа повеќе внимание“

Претседателот на Бугарија, Румен Радев денеска пред медиумите го коментираше францускиот предлог за Северна Македонија.

Тој вели дека истиот содржи голем број од основните бугарски барања, но можел да биде уште поуспешен доколку политичарите посветеле поголемо внимание на целиот процес.

„Доколку дипломатите од МНР не се потпираа само на претседателската институција, не трошеа многу време и енергија за да ја стават дивергентната политика на премиерот во прифатливи рамки. Долго инсистирав македонските Бугари да бидат запишани во Уставот. Парадоксално, беше полесно да се убедат францускиот претседател и европските лидери отколку бугарскиот премиер, чиј кабинет не презеде одговорност за своите постапки и не им даде доволно време на бугарските институции да се запознаат со случајот“, рече Радев.

Тој вели дека што се однесува до гаранциите за културно-историското наследство, нема потребни механизми и рокови за заштита.

„вчера пратениците гласаа со бланко чек, нема потребни механизми и рокови за заштита. Следните бугарски влади ќе бидат во сегашната ситуација – да имаат неплодни спорови со македонската страна“, рече Радев.

Тој додава дека инсистирал барањето македонските Бугари да бидат вклучени во Уставот, но сите партии, освен ИТН, го одбиле овој предлог, но истиот бил прифатен кога дошол преку претседателот на Франција, Емануел Макрон.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни