Пратеникот Антонијо Милошоски во моментов се наоѓа во полициската станица Центар во Скопје, дознава МКД.мк
Од таму велат дека Милошоски пред надлежен началник го пријавува функционерот на ДУИ и државен секретар во Министерството за култура Вaлмир Азири, за неговиот вчерашен статус на социјалната мрежа Фејсбук.
Според тоа што го дознаваат, кривичното дело може да се дефинира според член 394 – г од Кривичниот законик.
Инаку, Азири синоќа на Фејсбук напиша: „Антиалбанец како Антонио Милошоски заслужува повеќе. Помина времето на продавачите на магла. Новите генерации Албанци ќе им ги скршат рацете и нозете на сите што ќе се обидат да ги омаловажат Албанците“
