Комисија за Заразни болести на денешниот состанок констатирала дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид 19 во однос од минатата недела, зголемувањето изнесува 65.8%.
„Воедно констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации(во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид) и нема зголемување на бројот на смртни случаи. Согласно овие параметри и земајќи го во превид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот потсетуваме на обврската за задолжитенло носење маски во здравствените установи, згрижувачните установи , аптеките и јавниот превоз“, велат од таму.
Од таму дополнително препорачуваат до граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да користат општите мерки за лична заштитна, а тие се: Заштина Маска , одржување растојание и одржување на лична хигиена особено при посета на затворени и невентилирани простории.
Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените на истата ќе донесе советни препораки.