Македонија

Николовски: Македонскиот народ е во депресија, време е за оставка од Ковачевски и предвремени избори

Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ оставувајќи пратеничко прашање денеска од Собрание рече дек народот е во депресија токму поради политиките на актуелната власт, а тоа го решаваат „за жал со иселување“.

„Нема ден да нема нови протести. Како доаѓаат земјоделските продукти, така сите се жалат. Корупцијата цвета, а земјата нема јасни планови за економијата. Никој не знае дали ќе има парно греење оваа зима во Скопје“, рече Николовски.

Николовски го праша премиерот, дали мисли дека во Македонија се живее добро и дали мисли дека е време за оставка и предвремени парламентари избори.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни