На иницијатива на претседателот на Комисијата за надворешни работи во Собранието Антонио Милошоски, во иднина сите поранешни премиери, претседатели, министри за надворешни работи како и актуелни ќе се соберат за да разговараат за проблемот со Бугарија.
Ова стана јасно на денешната собранивска седница на која на дневен ред се пратеничките прашања.
Премиерот Димитар Ковачевски рече дека не е фер само актуелните да дискутираат на таа тема, туку треба да бидат повикани и претходните.
Потоа иницијаторот Милошоски рече дека во наредниот период ќе испрати покани до сите и ќе се организира седница на комисијата, а по проценка на Владата во зависниот какви документи ќе презентира и ќе се одреди дали истата ќе биде отворена или затворена за јавност.