Македонија

Мицкоски: Ги повикувам граѓаните на протест денеска и утре уште помасовно

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека очекува владината седница да се одржи утре и поради тоа ја повика цела Македонија да дојде пред Владата.

„Јас уште вчера кажав, понудив се повлекуваме и од предвремени избори, се повлекуваме од се, ќе помогнеме нека помине зимата, граѓаните да можат мирно да поминат, заеднички ќе се обединиме. Не му бараме ништо, само нека каже не. На пролет март, април пак ќе седнеме, ќе реавулираме состојбата ќе видиме што понатаму.

Тоа беше едната понуда. Втората јас му реков, еве од преговарачката рамка ако сте толку сигурни дека сте го заштитиле идентитетот  да ги тргнеме точките каде што се повикува на Годишните извештаи, каде што се повикува на Протоколот од втората меѓувладина и каде што во записникот од втората меѓувладина која што ќе ја има нашата влада условно со ЕУ се трга делот каде што стои дека преговорите започнуваат веднаш после измената на  Уставот.

Тоа е многу важно. Ние нема да почнеме сега преговори, тоа мора граѓаните да го знаат. Албанија ќе почне, не ние. Ние ќе треба да го смениме Уставот. Ние ова го потпишуваме за Албанија да почне преговори, не Македонија. Тоа треба секој еден граѓанин на Македонија да го знае. Немам ништо против Албанците, нека си почнат, ако ЕК оценила дека местото на Еди Рама е таму, а местото на Македонија не е таму, тоа е одлука на ЕК, јас тука не се мешам. Ако е одлука на ЕК, Македонија 22 години да чека, а Еди Рама да биде таму и дека тој споделува европски вредности, а не јас и овие луѓе тука, тогаш тоа е нејзина одлука.

Но, треба народот во Македонија да знае дека ние со ова не почнуваме преговори, Еди Рама и Албанија почнуваат, не ние. Тоа треба на сите да им е јасно, на цела Македонија да и е јасно“, вели Мицкоски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни