Македонија

ДАЛИ Е ХАКИРАН ФЕЈСБУКОТ НА УКИМ? Совети како да стрижете овци, но и млада Кинеска со одлични вештини за плочки

ДАЛИ Е ХАКИРАН ФЕЈСБУКОТ НА УКИМ? Совети како да стрижете овци, но и млада Кинеска со одлични вештини за плочки

Официјалната Фејсбук страница на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје веројатно е хакирана речиси еден месец, но изгледа дека надлежните не се запознаени со овој проблем.

Имено, како што може да се забележи од објавите кои се споделуваат на оваа Фејсбук истите нудат совети како да се истриже овца или совети за во домаќинството, а тука се и „пофалбите“ за девојка со одлични вештини за поставување плочки.

„Дали е ова нормално со последните десетина постови на пејџот на УКИМ? Знаат ли админите дека им е хакиран?“ – стои во еден од коментарите.

Последната објава на страницата, а која е поврзана со дејностите на универзитетот е од 3 јуни, а тогаш најверојатно се случил хакерскиот напад и во континуитет се споделуваат видеа.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека е изведен хакерски напад на нивната фејсбук страница и оти таа моментно е контролирана од непознат субјект.

Истовремено, како што се посочува во соопштението, преземени се сите активности во согласност со Статутот на УКИМ, позитивната законска регулатива во државата и правилата на работење на Фејсбук.

„Се извинуваме за настанатите непријатности и се оградуваме од сите објави на неа, до повторно преземање на администрирањето од страна на службите на УКИМ“, се наведува во соопштението на Универзитетот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни