Ако мојата дијагноза е пироман, вашата дијагноза е предавничка, кажа пејачот Ламбе Алабаковски, кој со македонската химна го отвори денешниот протест против францускиот предлог.
Алабаковски порача дека Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија и францускиот предлог се фашизам и симболично го запали листот на кој беа испишани овие штетни договори за Македонија.
Пред Владата и Собранието вчера вечер се одржаа протести преку кои беше побарано отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, кој според учесниците, е штетен за државава.
Во тек на протестите дел од учесниците ги пробија заштитните огради од пред зградите на Владата и на Собранието, кон кои беа фрлани јајца, шишиња, петарди и се бараа оставки.