Македонија

Полицијата фати лица од 19 до 30 години со марихуана и нож

Полицијата фати лица од 19 до 30 години со марихуана и нож

На 08.07.2022 во 21.15 часот во ОВР Струга се приведени А.С.(21) од струшкото село Лабуништа, А.М.(19) и Б.С.(20), двајцата со привремен престој во Италија. При преглед на моторно возило „фиат панда“, во месноста „Сатеска“ во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пакување со марихуана. Против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (09.07.2022) во 01.40 часот во Велес од полициски службеници од СВР Велес од слобода е лишен Б.К.(30) од Велес, затоа што кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.07.2022 во 23.30 часот во Битола полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Х.(22) од Битола, затоа што кај него е пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.07.2022 во 19.35 часот на подрачјето на Центар од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен Б.Б.(20) од Скопје, затоа што кај него е пронајден нож. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни