Свет

Бомбени закани го нарушија авиосообраќајот во Европа – сè уште не е познато дали инцидентите се поврзани

Бомбени закани го нарушија авиосообраќајот во Европа – сè уште не е познато дали инцидентите се поврзани

Серија дојави за поставени експлозивни направи повторно предизвика нарушувања во европскиот воздушен сообраќај, поради што повеќе авиони биле принудени да ги променат своите маршрути.

Европскиот комесар за одржлив транспорт и туризам, Апостолос Цицикостас, изјави дека засега нема доволно информации за да се утврди дали бомбените закани што утринава предизвикаа проблеми во авиосообраќајот се меѓусебно поврзани.

„Секоја закана насочена против цивили е неприфатлива“, порача Цицикостас преку социјалната мрежа Икс, нагласувајќи дека е прерано да се извлекуваат заклучоци за евентуална поврзаност меѓу инцидентите.

Според достапните информации, ова е третпат во текот на неделава дојави за бомби да предизвикаат нарушувања во европскиот авиосообраќај.

Последните закани довеле до пренасочување на неколку летови, особено на авиони што требало да полетаат од Италија, како и на летови кон Бугарија и Чешка.

Засега нема официјална потврда дека инцидентите се дел од координирана акција.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни