Приватните истражувачи најмени од семејството на фудбалерот Емилиано Сала, потврдија дека нашле две седишта од авион за кои веруваат дека припаѓаат на авионот во кој се возеше фудбалерот од Нант до Кардиф.
„Направивме први тестирања и заклучивме дека голема е веројатноста тие да припаѓаат на исчезнатиот авион“, објавија од фирмата „Air Accident Investigation Branch“.
Остатоците се пронајдени на француската плажа во областа „Котентин Пенинсула“, триесетина километри од местото каде што авионот исчезна од радарот.
Авионот со фудбалерот Емилиано Сала и пилотот, исчезна на пат од Нант кон Кардиф на 21. јануари.
Истрагата беше прекината по три дена, меѓутоа по барање на многумина фудбалски „ѕвезди“, како и на фамилијата на Сала, истрагата беше продолжена, а беа изнајмени и приватни фирми за да се најдат остатоците од авионот.
