Грчкиот премиер Алексис Ципрас и францускиот претседател Емануел Макрон кои учествуваа на Петтиот самит на јужните земји на ЕУ кој се одржа во Никозија, на Кипар, упатија пофални зборови за постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција.
Емануел Макрон ги поздрави премиерите на двете земји за постигнатиот договор за решавање на спорот со името, и рече дека ова претставува добар пример за цела Европа. Исто така и грчкиот премиер Ципрас испрати порака дека Преспанскиот договор претставува европско решение и е показател дека со дијалог може да се постигне секогаш договор.