Во 13 часот претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер Лајен ќе се обрати пред пратениците.
Во 13.30 часот ќе започне нова пленарна седница на која на дневен ред е францускиот предлог. На истата седница ќе се обрати и премиерот Димитар Ковачевски. Во негова придружба во салата „Македонија“ ќе бидат и министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Тие ќе одговараат на репликите од пратениците.
Само неколку претеници од СДСМ ќе се пријават за збор по предлогот.
Пратениците од ЛДП ќе гласаат ЗА предлогот, а Павле Трајанов според информации на 4NEWS.mk воопшто нема да се појави на гласањето.
Маја Морачанин ќе гласа против предлогот.
Како што дознаваме од ВМРО-ДПМНЕ ќе се пријават речиси сите пратеници за збор.