Свет

Америка се замрзна: 12 починати од студот, одложени преку 2.600 летови, затворени училишта

Најмалку 12 лица починаа поради студот кој ја зафати Америка. Еден од починатите е 18-годишно момче кое било најдено смрзнато во студентски камп во Ајова. Веднаш било пренесено во болница каде што е констирана смрт, а во неговата крв немало алкохол.

Останатите жртви се речиси сите најдени надвор од своите домови.

Поларните температури одложија преку 2.600 летови низ цела Америка.

Во Чикаго се измерени најниски температури од 1966 година. Низ целата територија затворени се многу училишта, градинки, луѓето не одат на своите работни места, а властите во одделни делови издадоа препораки да не се излегува надвор, освен за итна потреба.

Исто така има апел да им се помогне на бездомниците во овие поларни температури, односно кој има можност, да смести по некој во домашни услови додека не помине поларниот бран.

 

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни