Македонија

Претрес кај директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Претрес кај директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми, објави Фокус.

Од обвинителството за порталот кратко велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани.

Порталот пишува дека иако Муареми е дел од предистражна постапка на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал по кривична пријава поднесена од Државното правобранителство за конфискацијата на имотот на Сеад Кочан, сепак од обвинителството велат дека кривичната пријава била за друго, иако не се посочува за што бидејќи се работи за  предистражна постапка.

Според кривичната пријава, Муареми, како тогашен истражител во СЈО, и обвинители од СЈО се товарат за злосторничко здружување со сега веќе осудениот Сеад Кочан, затоа што, носеле одлуки со кои сега е отежната конфискацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни