Македонија

Битиќи: Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа

Денешниот ден и сите случувања во него го чекаме долго, денеска е ред да си честитаме и да прославиме. Од утре веќе треба да го впрегнеме цело знаење, умешност, мудрост и да се зафатиме со работа, порача Фатмир Битиќи, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции на неговиот фејсбук профил.

– Реформите и подготовката за овој ден ги имаме почнато пред 4 години, но сега е време да ги завршиме и нашата земја да биде европска. Се надевам на конструктивност и свесност дека секој еден треба да помогне и да поттикнува. Секој по едно делче од својата област и добиваме силно цело. Честитам на сите! Денеска е ден за славење!, напиша Битиќи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни