Косовскиот премиер, Албин Курти им честита на Северна Македонија и Албанија за денешното официјално започнување на преговорите со Европската унија.
На својата официјална страница на Твитер, Курти напиша дека Косово го прославува заедно со Скопје и Тирана нивното, како што вели, „историско достигнување“.
– Честитки за Албанија и Северна Македонија за отворањето на преговорите со Европската унија. Косово го прославува вашето историско достигнување и се приклучува на заложбите за реформи кои ќе ги трансформираат нашите земји и ќе го зајакнат нашиот регион во Европа, напиша Курти.
Честитки до Северна Македонија и Албанија а почетокот на преговорите соЕУ претходно упати и претседателката на Косово, Вјоса Османи.