Македонија

Ќулавкова: Со унилатералната изјава се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик

Ќулавкова: Со унилатералната изјава се откажуваме од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик

Катица Кулавкова од МАНУ на својот Фејсбук профил пишува дека Македонија со унилатералната изјава, всушност, се откажува од историскиот и научен факт дека македонските говори од егејска Македонија, денешна Грција, се основа на старословенскиот и црковнословенскиот јазик од кирилометодиевската епоха на нивната кодификација.

Според неа, просторно-временскиот континуум на македонскиот јазик значи негово постоење вон просторот на денешната држава Македонија и вон современото време.

„Никој нема право да се откаже од неговиот историски развој и од улогата што македонските говори ја имале во развојот на словенските јазици. Никој нема право да се откажува од македонските дијалекти во соседните држави. И никој не е овластен да се откаже од македонското малцинство во соседството и во светот“, додава Кулавкова.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни