Поранешниот шеф на тајната полиција, Сашо Мијалков ја променил својата адреса на живеење, јавува Канал 5.
Според информациите на телевизијата од Кривичниот суд, по ново тој е жител на Охрид.
Кривичниот суд за промената бил известен од страна на адвокатот на Мијалков, а истата доаѓа пред судот да му издаде документ со кој треба да се јави во затвор, по спогодбата што ја постигна со Обвинителството.
„По добиеното известување од МВР на ден 19.07.2022 година, предметот со комплет списите на истиот ќе биде одстапен на надлежност на Основен суд Охрид, како месно надлежен суд за постапување по конкретниот предмет.“, велат од Основен кривичен суд Скопје за Канал 5.
Моментално документите патуваат од Скопје во Охрид, а потоа тамошниот суд треба да издаде упатен акт за во затворот во Струга каде се упатуваат осуденици до три години затвор.
Добропознато е дека затворот во Струга е од отворен вид, и во истиот може само да се преноќува.
Тој затвор е од отворен вид и таму може само да се преноќува, а истото претходно направи и бизнисменот Орце Камчев кој за „Империја“ се спогоди со Обвинителството на една година затвор и влезе во струшкиот затвор.