Синоќа по 21 часот се случила тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола-Демир Хисар во која животот го загубил едно лице.
Во моментов нема официјални информации, како дошло до несреќата. Неофицијалните информации се дека возилото со голема брзина удрило во мост, по што излетало од коловозот.
На лице место загинал возачот на автомобилот.
Сообраќајот неколку часа беше во прекин.
Повеќе информации во текот на денот од Министерството за внатрешни работи.