Свет

Гуаидо: Полицијата упадна во станот на мојата сопруга

Лидерот на опозицијата на Венецуела, Хуан Гуаидо изјави дека припадници на безбедносните сили упаднале во станот на неговата сопруга, обидувајќи се да ја заплашат.

– Диктатурата мисли дека може да не заплаши, истакна Гуаидо, во говорот во кој го претстави планот на опозицијата за излез на Венецуела од економската криза.

Гуаидо, кој се прогласи за привремен претседател, наведе дека во станот во Каракас се наоѓала и неговата 20-месечна ќерка.

Медиумите пренесуваат дека полицијата заминала брзо, откако соседите се упатиле кон станот.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Герасимовски за „Барутана“, „Треска“, Платформа 12:05 и поделбите во СДСМ | Ноќно студио 20.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни