Македонија

Годишно собрание на Демократските сили на Ромите

Годишно собрание на Демократските сили на Ромите

Партијата Демократски сили на Ромите (ДСР) денеска го одржа своето Годишното собрание, на кое присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ,Христијан Мицкоски.

Мицкоски изрази благодарност „за лојалноста“ на партијата ДСР, која е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

– Уште еднаш, голема благодарност што ми е укажана ваква чест, да бидам дел од ова Годишно собрание на кое што се наоѓаат луѓето кои што ги претставуваат ограноците на партијата Демократски сили на Ромите. Се надевам дека тоа што денеска ќе го разговараме и тоа што денеска тука ќе го слушнам, ќе биде и од моја, но и од корист на партијата Демократски сили на Ромите, предводена од доктор Шабан Салиу. Од вакви настани можеме само да бидеме подобри, поквалитетни и да одиме напред, изјави Мицкоски.

Претседателот на ДСР, Шабан Салиу, информира дека на состанокот ќе разговараат и за можностите за предвремени избори и изрази надеж дека тие ќе донесат, како што рече,„ново поефикасно и поквалитетно Собрание“.

– Сакаме денеска да разговараме за можностите за предвремени парламентарни избори и можностите како во иднина да настапиме заедно, побрзо и поефикасно, да се формира едно ново Собрание и да се формира поефикасна и поквалитетна Влада од оваа. Верувам дека нашата коалиција предвоедна од ВМРО-ДПМНЕ ќе го подобри квалитетот и животот на сите, вклучувајќи ги и Ромите, како најсиромашни, најнеобраозовани и најзагрозени, оцени Салиу.

На Годишното партиско собрание на ДСР учествуваат членови на органите на партијата и претставици 44-те општински организации низ државата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни