Младиот планинар и спортист Харис Беќири од Ростуше се впиша во листата на околу 600 луѓе во светот, кои го совладале напорниот и несекојдневен спортски предизвик, познат како Еверестинг, пишува gostivarpress.mk.
Се работи за неформален формат на спортска активност – најчесто велосипедизам, трчање или пешачење каде предизвикот е да се направи вкупно искачување од над 8848 висински метри, односно височината на Еверест, во еден единствен обид, значи, совладување на таа надморска височина на одредена делница (качување и симнување) повеќе пати.
Харис го започна предизвикот вчера во 4 часот наутро, а го заврши успешно денес напладне. Притоа, за време на својот подвиг, доби поддршка од своите блиски, пријателите, соселаните, колеги планинари, како и од претставници на институциите, градоначалникот на Маврово Ростуше, Медат Куртовски и директорот на НП Маврово, Самир Ајдини.
Ваквиот подвиг се пријавува во посебна асоцијација на светско ниво, која преку посебен софтвер води статистика и контрола за време на активноста. Со оглед дека Харис ја исполни целта, официјално се вбројува помеѓу 612 луѓе во светот кои го совладале спортскиот предизвик.