Центарот за управување со кризи објави каде има активни пожари низ Македонија.
Куманово
Два пожари се случија вечерва на подрачјето на Куманово. Според првичните информации, пожар има на Градските гробишта и уште еден кај Ловечки дом.
Пожарите се предизвикани од удар на гром.
Кичево
с.Туин – гори сува трева и нискостеблеста шума.
Велес
Помеѓу селата Голозинци и Лисиче.
Општина Чашка
Гори сува трева и нискостеблеста шума.
Екипите се излезени на терен и интервенираат во нивното гаснење. Пожарот е предизвикан од удар од гром.