Македонија

Гром предизвика пожар кај Чашка, двајца шумари само гледаат, не гаснат оти не биле обучени за ноќно време

РЦУК Велес информира дека на подрачјато на општина Чашка денеска заради удар од гром појавен е шумски пожар на патот помеѓу с.Голозинци и с.Лисиче каде гори сува трева и нискостеблеста шума.

Тие додаваат дека на терен се двајца шумари од ШС ,,Бабуна“ кој ја следат состојбата, кои известуваат дека интензитетот на пожарот е намален.

Од страна на ШС ,,Бабуна” ќе биде испратена екипа во утринските часови, бидејќи не се обучени за гасење на пожар ноќно време.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни