Од Центарот за управување со кризи информираат дека со голем ангажман на пожарникарите и лицата коишто го бранеа селото Ѓавото од огнената стихија, огнот е контролирано пресечен на 150 метри од селото и свртен во правец на црквата и гробиштата и не е навлезен во селото.
Тие додаваат дека дежурните пожарникарски мешани екипи се распоредени со возила на 50 метри во линија пред селото и ќе се обидат да ја одбранат таа линија до утре наутро, иако огнот за сега има зафатено само една стара куќа на периферија од селото.
Пожарникатите ја гасат и интервенираат во моментов додека ви ја праќаме информацијата.